На 24 јануари 1935 година во Битола е издадена првата сообраќајна дозвола за возење велосипед. Сообраќајната книшка е на познатиот трговец од Битола Константин Давков, кој на тогашните институции им платил 20 динари годишна такса за користење на велосипедот.

80 години подоцна, или гледано од денешен аспект, се чини скоро и да е непотребно да се зборува за неопходноста од дозвола за возење велосипед!? Напротив, денес се повеќе се зголемува потребата од мотивирање за користење и возење велосипед.

Јубилеите за битолскиот велосипед или како што на ова поднебје се вика точак, сепак датираат од порано. Точно пред 110 години, во 1905 година Милтон Манаки го купи првиот велосипед, а подоцна го формира битолскиот велосипедски клуб „Спорт“.

Важните настани и документи и денес грижливо се чуваат во Архивот во Битола, институција која постигнува импресивни резултати во областа на заштитата и вреднувањето на архивскиот материјал, но и обработка, публикување и унапредување на архивската дејност. Архивот во Битола е присутен во културниот и научниот живот на градот. Како институција даваме голем придонес во остварувањето на научните проекти на сите истражувачи што се обратиле до нас трудејќи се да им ја доближиме нашата дејност. Голем е фондот на фотографии од творештвото на браќата Манаки на стаклена плоча кои грижливо ги чуваме, посочува Ацо Кимовски од битолскиот архив.

Јубилеите за битолскиот точак се врзуваат и со значајна 1930 година, или периодот пред 85 години кога се повеќе се зголемува бројот на велосипедџии во градот под Пелистер, а меѓу нив попознат е велосипедџијата Тиро кој секојдневно ги сервисирал велосипедите на месното население.

(Дуќанот на велосипедџијата Тиро, 1930 г.)

Во 1930 година се инцираат првите велоспедски трки, најнапред низ битолските улици кои привлекуваат големо внимание, а потоа и на релација Битола-Прилеп. Младите велосипедисти придавале големо значење на спортскиот настан, точакот бил „тркачки“, носеле и маички со бројка, а имале и свои навивачи.

Текст од 2015 г. на Марјан Танушевски за МИА

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here