На 6 ноември, во Центарот за култура – Битола, ќе се одржи јубилејното 25-то издание на детскиот музички фестивал „ТРА ЛА ЛА“. Публиката ќе има можност да ужива во нови детски песнички, многу музика, емоции и насмевки на најмладите изведувачи.
Како што изјави Тони Алексовски, директорот на фестивалот, „сите сме горди што оваа година го одбележуваме големиот јубилеј. Ветуваме дека ќе има уште многу песни, детски насмевки и љубов кон музиката.“
Во изминатите 25 годин

и, „ТРА ЛА ЛА“ донесе на музичката сцена многу таленти, а многу поранешни учесници денес се дел од светот на музиката. Претставници на фестивалот достојно ја претставувале Македонија на 63 фестивали надвор од државата, во речиси сите европски земји.
Ве покануваме сите да бидете дел од овој голем јубилеј и да ја прославиме заедно детската музика, радост и традиција!
📅 6 ноември 2025
📍 Центар за култура – Битола
🕢 19:30 часот











