Битолчанецот Јовче Даскаловски, член на Extreme Bike Team Bitola, постигна извонреден резултат на Грчкиот национален шампионат во велосипедизам што се одржа во Варико, Грција.
На оваа високо конкурентна трка, Даскаловски го освои првото место во категоријата Мастерс, а во вкупниот генерален пласман меѓу 90 учесници се искачи на одличното 12-то место, што претставува огромен успех за македонскиот и битолскиот велосипедизам.
Технички сложената и физички исцрпувачка патека, со бројни стрмнини и непредвидливи делници, беше вистински предизвик дури и за најискусните натпреварувачи. Даскаловски покажа исклучителна издржливост, дисциплина и страст, борејќи се до последен момент за секунда предност и чест на својата екипа и град.
Успехот на овој шампион е поддржан и од партнерите:
Nomad-Mobility,
Halkbank AD Skopje,
Rhino Entertainment,
Garmin Macedonia,
кои придонесуваат за развојот на велосипедизмот и спортот во регионот.
Со овој резултат, Јовче Даскаловски уште еднаш потврдува дека Битола има спортисти кои чекорат рамо до рамо со најдобрите на Балканот и пошироко.