Изминатиот викенд на ски-центарот Копанки, во рамките на 13. издание на Пелистер Даунхил Куп, нашиот битолчанец Јовче Даскаловски успеа да го освои високото второ место.
Со одлични возења во двата дена, Даскаловски покажа извонредна форма и голема борбеност, а особено блесна на финалната трка. Постигнатиот резултат претставува големо лично достигнување и успех кој самиот натпреварувач не го очекувал, но со кој е исклучително задоволен.

Неговиот настап беше поддржан од Extreme Bike Team Bitola, Nomad-Mobility, Rhino Entertainment, Halkbank AD Skopje и Garmin Macedonia.
Овој успех уште еднаш ја потврдува посветеноста на Даскаловски кон екстремниот велосипедизам и претставува мотив за уште поголеми успеси во иднина.





