Фантастичен настап на битолчанецот Јовче Даскаловски, кој на најважната трка за оваа година на Балканот го освои 2-рото место во Мастерс категорија, со минимална разлика од само 0.606 секунди од победникот. Во вкупниот пласман меѓу 156 учесници, Даскаловски се најде на одличната 18-та позиција.

„Неповторливо чувство и вистинско задоволство“ – истакна Јовче, кој веќе е во полн ритам и подготвен за нов предизвик: Пелистер Даунхил Куп 13, кој ќе се одржи следниот викенд.

Изразува голема благодарност до поддржувачите: Extreme Bike Team Bitola, Nomad-Mobility, Halkbank AD Skopje, Rhino Entertainment и Garmin Macedonia.