Битола, мој роден крај,
Во тебе сум роден,
За мене си рај.
Битола, мој роден крај,
Јас те сакам од срце, знај.
Битола, мој роден крај,
Јас те сакам, за тебе пеам.
Многу градови, села пројдов,
Како тебе Битола, нигде не најдов.
Битола, мој роден крај,
Јас те сакам од срце, знај.
Битола, мој роден крај,
Јас те сакам, за тебе пеам.
Еј, роден крај, кој би можел,
Збогум да ти рече, да не заплаче.
Битола, мој роден крај,
Јас те сакам од срце, знај.
Битола, мој роден крај,
Јас те сакам, за тебе пеам.

Текст и музика Ајри Демировски. Песната била напишана во 1944 година во Загреб, а првпат била изведена во 1950 година на прослава во Битола. Денес градскиот часовник со неговите ѕвона ја отчукува оваа песна.