БИТОЛА – Дека Битола отсекогаш била град на конзулите и прозорец кон Европа, не потврдуваат само архитектурата и историските записи, туку и живиот народен говор. Една неодамнешна компаративна анализа на локалниот дијалект и германскиот јазик открива фасцинантни сличности кои сведочат за длабоките културни и технички влијанија низ децениите.

Додека стандардниот македонски јазик користи словенски кодофикации, битолскиот говор во својата секојдневна практика задржал автентични германизми кои и денес се во активна употреба.

Техничка прецизност и занаетчиско наследство

Најголемиот дел од овие преземени зборови доаѓаат од областа на техниката и занаетчиството, што укажува на периодот на индустријализација и увозот на германска технологија. Битолскиот мајстор нема да побара „машина за дупчење“, туку бормашина (од германското Bohrmaschine), а секој дефект на автомобилот започнува со проверка на анласерот (Anlasser).

Од пазарот до забавата

Сличностите не застануваат само кај алатите. Битолската секојдневна лексика е преполна со примери:
* Виц наместо шега (германски: Witz).
* Ремен наместо каиш или појас (германски: Riemen).
* Рингшпил за вртелешка (германски: Ringelspiel).
* Луфта кога се опишува празен простор или воздух (германски: Luft).

Културен феномен

Оваа појава, позната како јазична интерференца, го прави битолскиот дијалект специфичен лингвистички хибрид. Интересно е што зборовите како цакум-пакум (Mit Sack und Pack) или штикли (Stöckel) станале толку интегрален дел од локалниот идентитет, што многумина ги сметаат за изворно битолски.

Ваквите јазични паралели не само што ја олеснуваат комуникацијата, туку и ја потврдуваат Битола како град кој отсекогаш бил во чекор со европските текови, дури и низ својот најавтентичен белег – говорот.

Сличноста меѓу германскиот јазик и битолскиот дијалект:

* Witz (германски) – шега (македонски) – виц (битолски)
* Glanz – свети – гланц (ново)
* Bohrmaschine – машина за дупчење – бормашина
* Riemen – каиш, појас – ремен
* Mit Sack und Pack – средено – цакум-пакум
* Anlasser – стартер – анласер
* Stöckel – потпетица – штикли
* Schraube – завртка – штраф
* Rückwärts – наназад – рикверц
* Träger – прерамки – трегери
* Feder – пружина – федер
* Schleifen – триење – шлајфовање
* Schmirgel – хартија за брусење – шмиргла
* Stellen – наточнување – штеловање
* Schuppen – помошна просторија – шупа
* Sparen – штедење – (за)шпари
* Stecker – утикач – штекер
* Pfusch – неквалитетно – фушерај
* Ringelspiel – вртелешка – рингишпил
* Luft – воздух – луфта
* Kupplerei – јавна куќа – куплерај
* Knapp – точен – кнап
* Wasserwaage – либела – васервага