На 20 јули сите патишта ќе водат кон Охрид.

Со особена чест и на ваше големо задоволство го најавуваме концертот на Ѓоко Танески!

Да, добро читате!
На 20 јули во Античкиот театар во Охрид со почеток во 21 часот ќе имате можност да го чуете „Најдоброто од Ѓоко Танески“. На сцената ќе го придружува и Камерениот оркестар IWC Connect од Битола и специјалните гости: Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: “Една љубов имам”, “Збогум најмила”, “Мој пријателе”,”Никогаш доста”, “Цветај расцватај”, “Купив се”, “Јас ја имам силата”, “Ти должам се”… како и останатиот материјал од неговата кариера…
Влезниците се достапни онлајн на https://mktickets.mk/event/gjoko-taneski-antichki-ohrid/ , како и во продажните салони на “Литература” низ републиката и кај Аждер.

Бидејќи ќе биде „Најдоброто од Ѓоко Танески” концертот ќе се снима со најсовремена техника за потребите на телевизиски проект.

Оваа година е јубилејна за Ѓоко Танески, славиме 30-години кариера, а јубилеите имаат смисла само ако се прославуваат и тоа заедно со драги луѓе.
Затоа, на 20 јули каде и да сте, во Охрид да сте!

Stay tuned…❤️