БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Остануваат уште 2 недели до крајот на месец декември или месец во кој сите вработени од приватниот сектор го очекуваат својот надоместок за годишен одмор познат како регрес или К-15.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на календарската година, а исплатата на регресот е задолжителна за работодавачите од приватниот сектор и тоа да исплатат на вработените кои кај нив (кај истиот работодавач) работеле најмалку 6 (шест) месеци во текот на една календарска година. Како минимален износ за исплата на регресот е определен износот во висина од 40% од просечната месечна нето плата по работник во РСМ исплатена во последните три месеци пред донесување на Одлуката за исплата на регресот, кој износ во моментов изнесува 10.962,оо денари. За овој износ е уредено да се исплаќа и данок за личен доход за вработениот, кој во овој случај изнесува износ од 1.218,оо денари.

Без оглед на финансиските потешкотии при работењето кои ги наметна оваа година, не постои вонредна мерка или ослободување од обврската за исплата на надоместокот за годишен одмор.

Согласно Општиот колективен договор на ниво на стопанството кај компаниите кај кои настанале потешкотии во работењето (ценејќи ја нивната економско – финансинска состојба), имаат можност да евентуално по претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка, односно оддел, да потпишат спогодба со репрезентативниот синдикат на ниво на работодавач, со која спогодба ќе определат исплата за регрес за годишен одмор во висина помала од утврдениот минимум (помалку од 10.962,оо денари).

Оние компании – работодавачи, кај кои не е формиран синдикат, писмената спогодба за утврдување на износ за регрес за годишен одмор во висина помала од утврдениот минимум се потпишува со избран претставник од вработените кај компанијата – работодавач. Изборот на претставник на вработените се врши со Одлука од вработените, која е донесена со мнозинство гласови од вкупниот број на вработени кај работодавачот.

За повеќе информации повелете кај нашите пријатели pari.com.mk

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here