Евлија Челебија еден од најобразованите Турски патеписци во XVII век. кој во период од над 40 години ја прошетал целата Османлиска Империја после 400 години ја посети пак Битола, или тогашен Манастир. Изразот на неговото лице ни навестуваше дека не е многу на арно работата.
Како за споредба за Битола во 1662 година и дава опис на градот декa се наоѓа во подножјето на една планина, на бреговите на една река, голем град во кој точно на 10 места се минувала реката низ камени или дрвени мостови и дека во него имало илјади големи дрва, дваесет и едно маало, седумдесет храмови, 3000 еднокатни и двокатни камени куќи покриени со ќерамиди, 900 дуќани, 40 кафиња, убав Безистен и 70 џамии и месџиди”. “Во околината има различни дрва со големи, дебели сенки под кои течат бистри потоци.“
Сега како што поминува гледа дека дрвце од то нема останато. Голем дел исечени, парчосани, на многу места стари откорнати, години ниту да се посади нешто ново. Покрај Драгоро, кај Сали мосто, некогашниот парк Синанбели, кај прочуените битолски касарни.
„Ах ќерата ваша…Шо напрајвте со градо копуци едни?“…се развика на цел глас.
Покрај поточињата се печеле и јаделе одлични шиш ќебапи и тоа ражен кој бил ставен на воден долап и како се вртел така ќебапо се печел.” “Има сечести гори каде рано наутро се слушаат слатките песни на славеите, кои го полнеле срцето со веселба. Таму секој пеел а општата веселба траела до наситка”…
Поминувајќи сега низ Битола насекаде има миризба на ѓубре изгорено, смрдено и зачадено, нема миризба на ќебапи го нема и Цане боксеро. Славеите ја одминуваат Битола, нема дрво кај да застанат, нема гранка каде да се потпрат за на битолчани песна да му запејат.
Местата за забава на Битола и навиките за забава на месното население ги опишувал како многубројни, заедно со книжевните големци во градот. Поетите и заљубените своето време го минуваат во кафеани и озборување, каде што има луѓе со необични чалми небаре птичји гнезда и танчерки, кои на својата половина имаат обесени шарени ленти со ножеви”…
Сега како шо поминува саде казина и аптеки. Кафаните се кутлузи преградени и личат на вагони зачадени, како ефтини излози од ламарина на некоја коперација која ја сретнувал по селата на истокот во Бугарија. Сега нема ниту поети ниту заљубени. Битола сега е само една касаба. Град на развратот, полн со лаги, лажни луѓе и пријателства. Манипулатори и фолиранти кои гледаат само за себе. Купи ден помини. Денес со едни, утре со други. Ни образ ни намус. Бездушни , разлејани со нивните лажни насмевки и вештачки заби. Каде и да се завртиш низ градот гледаш контењер. Контењери на сите страни. Ни трага од конзулите и пајтоните.
„Чекајте бе луѓе ова беше градот на конзулите и пајтоните , а не на контењерите?“… вчудоневидено се запраша на цел глас.
Во чаршијата на Битола (Manastır) пред 400 години имаше изброено 900 дуќани. Тука тогаш најпознати биле чикрикчиите и терзиите. Имаше вкупно 40 кафеани. Безистенот беше цврст небаре тврдина, со железни порти 10 украсени кубиња, претставуваше мошне убава градба. Во него имаше богати трговци. Битола особено беше позната со својот лен, за кого се вели дека е поубав од оној во Египет.”…
Поминувајќи сега низ чаршија не виде ниту еден занаетчија. Чаршијата празна. Штама. Од 40 сега едвај една или две кафани. Не го слуша ниту ѕвекотот на чеканот на наковална. Дуќани безбојни, пред распаѓање . Многу од нив празни без луѓе, без нивните лица и насмевка . Плочки искршени, фасади изронати. Валкана и неуредна. Несметена со години. Безистено кога го посети срцето го фати. Седна на искршените плочки на неговиот влез. Ниту трага од украсените кубина, ниту од богатите трговци. Ниту пак ленот кој беше поубав од тој во Египет. Празни и напуштени дуќани, целиот пред распаѓање , цел трул и валкан во неговата внатрешност. И тој неисчистен со години. Низ солзи во очите повторно го покажа неговиот бес:
ШО НАПРАЈВТЕ БЕ СО ГРАДО ЌЕРАТА ВАША КОПУЦИ ЕДНИ…извика силно на цел глас и замина.
Замина и повеќе не се врати.
…………..
п.с. Безуспешни беа обидите за да го вратиме и со молбите дека ете градо, кај да е ќе тргни на подобро со новата патека кај Смолево. Ништо.