25:24. What a game!!!
ЕХФ не случајно го прогласи овој меч за натпревар на колото (MOTW) – а ние вечерва покажавме како изгледа вистински ракометен спектакл во преполната сала „Боро Чурлевски“, храмот на ракометот во Македонија!

Под посебен протокол и ПР на Европската ракометна федерација, цела Европа имаше можност да види атмосфера каква што постои само во Битола – срце, страст и зелено-бела енергија што не запира!

Горди сме на играчите, горди на публиката, а особено горди на Чкембари – душата и моторот на оваа зелена армија!

Одиме понатаму, посилни од кога било.
Еурофарм Пелистер – еден град, една љубов, една цел: нови победи!



















