Широк Сокак во пламен! Најава за навивачка фешта и голем спектакл по повод 38 години од формирањето на „Чкембари“

од September 25, 2023 0 коментари

ШИРОК СОКАК ВО ПЛАМЕН | НАВИВАЧКА ФЕШТА И СПЕКТАКЛ ВО НАЈАВА – СРЕДА 16:30ч. ПЛОШТАД МАГНОЛИЈА

Денес одбележуваме 38 години од почетокот на ЧКЕМБАРИ. 25.09.1985 е датум кој ќе остани трајно запишани во спортската историја на Битола и Македонија. Горди сме на првата генерација која овозможи денес да се нарекуваме НАЈСТАРА навивачка група во Македонија, горди сме и на сите наредни генерации на Чкембари кои дале свој придонес и кои оставиле свој белег во речиси четири децениската историја.

Сегашната генерација на Чкембари ги поканува сите претходни генерации да дојдат на Магнолија во среда од 16и30ч и заедно да го славиме името Чкембарско, заедно да згрмиме на Широк Сокак.
38 години не е јубилеј, но и не е така честа прилика да го прославиме на трибини во рамките на Лигата на шaмпиони против германскиот шампион.
ЧКЕМБАРИ, битолски сининим на непокор, верност, гордост!!!

Чкембари

Babam Bitola

Comments are closed.