Ви презентираме 6 факти кои до сега можеби не сте ги знаеле за турското кафе
1. Верувале или не, турското кафе не потекнува од Турција
За првпат кафето најверојатно почнало да се пие во Јемен во 15-тиот век, па понатаму се проширува во Египет и Саудиска Арабија. Во 1640-тата година е отворена првата кафетерија во Константинопол, денешен Истанбул, а името има арапско потекло од зборот qahwah.
2. Кафе без кајмак, не е кафе
Дали кафето е добро направено или не, ќе ви каже кајмакот кој се формира одозгора. Кајмакот треба да биде мек, не прегуст и не прередок, што би рекле, таман. Кајмакот овозможува кафето да остане топло подолго време.
3. Вода со кафето
Задолжитело со секое кафе се служи и чаша вода. Зошто? Пред да се напиете од турското кафе, треба да се напиете малку вода, тоа ќе ви помогне да го осетите вистинскиот вкус на кафето, а пак откако ќе го испиете кафето и можда ќе голтните и малку талог, водата ќе ви помогни да ја исплакните усната шуплина од нефилтрираните остатоци.
4. Локум со кафето
Послужувањето локум со кафе е сеуште традиција во многу битолски фамилии. Локумот му дава блажина на горчливиот вкус на турското кафе – особено на оние кои го пијат кафето без шеќер. Кафе, вода и локум – тоа е тројството.
5. Добра невеста е таа која знае да го погоди кафето
Во Турција идните невести се тестираат пред идните свекрви врз основа на тоа како го направиле кафето и како е послужено. И на невестите не им е лесно 🙂
6. Турското кафе е под заштита на УНЕСКО
Турското кафе е ставено под заштита на УНЕСКО во 2013-тата година на 8-та седница која се одржа во Баку, Азербејџан и е ставено на листата на нематеријални културни наследства на УНЕСКО.
На здравје кафето!