Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во Шведска, Данска и Норвешка во 2026 година.
На списокот повикани се шест ракометари на Еурофарм Пелистер: Никола Митревски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Жарко Пешевски и Петар и Павле Атанасијевиќ.
Во рамки на ЕХФ неделата нашата сениорска селекција ќе одигра двомеч против селекцијата на Словенија. Првиот натпревар ќе го оддигра во СЦ „Борис Трајковски“ на 12 март со почеток во 20:00 часот, а потоа на 16 март ќе гостува во Словенија, а натпреварот ќе се одигра во Копер со почеток во 18:30 часот.
Собирот е закажан за 9 март со почеток во 13:30 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.