Одличен настап на боксерите на Боксерскиот клуб Пелистерски Јунак од Битола на 32. Државно првенство во бокс, кое се одржа на 30 и 31 мај во Скопје.

Битолскиот клуб настапи со шест натпреварувачи и освои вкупно шест медали, од кои пет златни и еден сребрен, потврдувајќи ја својата доминација и континуирана работа со младите таленти.

Со златни медали се закитија:
🥇 Алишан Рустемовски
🥇 Арабел Рустемовски
🥇 Ален Рустемовски
🥇 Ружди Рустемовски
🥇 Илчо Костовски
Сребрен медал освои:
🥈 Бојан Мачковски
Посебно внимание привлече Ален Рустемовски, кој ја освои својата осма државна шампионска титула, уште еднаш потврдувајќи го својот квалитет и континуитет на домашната боксерска сцена.




Успехот на Пелистерски Јунак е резултат на посветената работа на боксерите и стручниот тим, а освоените медали се уште една потврда дека битолскиот бокс има светла иднина.
Веќе следниот предизвик за клубот е на 6 јуни 2026 година, кога боксерите на Пелистерски Јунак ќе настапат на финалето на „Опен Балкан Куп“ во Охрид. Спектакуларното финале ќе се одржи на отворено, во амбиентот на Античкиот театар, каде битолските боксери ќе имаат можност повторно да ги бранат боите на клубот и да се борат за нови успеси.

„Пелистерски Јунак“ продолжува да испишува успешни спортски приказни и достојно да ја претставува Битола на домашната и меѓународната сцена.
