Битолските каратисти од КБК Енерџи повторно блеснаа на меѓународна сцена! На Балканскиот куп што се одржува во Белград, шест натпреварувачи од нашиот град освоија вкупно шест медали – пет бронзени и еден златен.

Медалите ги освоија:
🥉 Марегона Зенуни – бронза
🥉 Леонид Наумов – бронза
🥉 Димитар Димевски – бронза
🥉 Давид Елмазов – бронза
🥉 Петар Лозановски – бронза во категоријата до -63 кг и злато во категоријата до -57 кг

Особено внимание привлече и настапот на Марија Димовска, која денес ја победи својата противничка во полуфиналето и утре ќе настапи во големото финале на гала вечерта, кое ќе се пренесува во живо на Арена.

Со овој успех, битолските кикбоксери уште еднаш потврдија дека нашиот град е вистинска спортска школа и расадник на шампиони!