Виктор А.К.А. Башлак, Шахти !!!

Покрај то шо луѓето во Битола се ко в шахта пикнати со борџој по банки, по роднини, по пријатели, сакам да кажам збор два за вистинските шахти.

Шо се то шахти ќе пробам да ви одговорам многу едноставно сите да сватите. Шахти се оние чудата по улиците шо се клаени за да ја собират водата ко ќе врни дожд или ко ќе се топи снего. Се бери и нешто друго таму, ама сега да не бидиме толку буквалисти. Иначе, ако тие ви личат една полево друга подесно, не се за цик-цак моткање, макар шо има некој шахти шо мора да ги мотниш оти ако ја погодиш то ти е Руски рулет, или гума ќе ти пукни или ќе те фрли негде ќе се одпревртиш. Како и да е, живото не е фер, па ни ова.

Кај е шахтата?

Арно ама има еден податок од заводо за статистика (хахаха) вика 89% од шахтите во Битола се затнати, или шо би рекле ние ко бевме деца, оргинал се вода не пропуштат, ама то важи за чевлите и за патиките, шахтите треба да пропуштат вода, како останатите 11% од шахтите.

Шахтите се толку убо затнати шо во зима од Социјалното до Сали мосто со кајче одиме, а една година на овој потег  се спремаше и нашио кајакар на диви води Атанас Николовски, кој освој 7-мо место на светското во Словенија, го гледавме секој ден пред куќа врвеше.

Друк проблем е то шо уште на времето, ви кажвам онаму 60та година, на градежнио факултет во Скопје имало некој студент, најверојатно бил Грк, зел од главнио учебник, од кај шо се копират сите други, ги скинал страниците од уроко кај шо кажва како треба, ко ќе се градат патишта и улици, да се напрат шахтите.

И од тогаш па наваму една шахта се нема погодено, или е повисока од пато, или пониска, или накриво скрос. А то пак му одговара на овие шо се механичарите и на продавачите на авто делој. Се растурија од амортизери менвање, лагерите чукат синкир бабарите дојдоја, трапој, зглобој, се се распадна. А и овие љоковците од водовод наместо да ги менат цефките дури е раскопан пато, идат од ко ќе се асфалтира, па сечат наново менват цефки два месеци, па се асфалтира по една година, а за то време колата од Ауди А4 се прај Застава 128.

Ама секако јас имам едно решение, ако не сум јас не знам шо ќе прајте.

Брачед ми Горан, тој докторира на градежнио во Виена и плус профосор е таму, сеа ко ќе иди за празниците ќе му речам да го фотокопира тој уроко за шахтите од тамошните книги, ако  е на Германски ќе го преведиме тука кај Пачата  комшијата и да се однеси во градежнио факултет кај нас и да се реши проблемо, за во иднина.

Сега да ве остам со здравје и довидување.
Насловна слика непознат извор од низ градо.

Едит Ете и Миле Паника на твитер 13.03.2018 се прикључи кон нашата констатација.

 п