Како уредник на оваа боенка и претседател на ЛАТЕРАЛ Битола, со огромно задоволство можам да изјавам дека проектот „Шарен свет за најмладите од Битола – Креативен подарок за децата“ совршено ја одразува мисијата и визијата на нашето здружение.

Оваа плодна година, исполнета со бројни креативни проекти, ја заокружуваме токму кај најмладите – таму каде што започнуваат првите чекори на инспирација и креативност. Создадовме нешто посебно, уникатно и, пред сè, блиско до срцата на децата.

Идејата за оваа боенка произлезе директно од оваа средина. Авторката Кети Радевска, секојдневно опкружена со љубовта и прегратките на децата во градинката „Пролет“, создаде автентичен и креативен подарок за секое од нив. Ние, како Здружение, имавме чест и одговорност да се погрижиме оваа идеја да се материјализира.

Беше огромна привилегија да бидам уредник на едно вакво дело, кое веруваме дека ќе ги инспирира идните генерации креативци во Битола.

На крајот од годината, со ова дело сакаме да го испратиме празничниот дух со порака за инспирација, радост и нови почетоци.

Среќна Нова 2025 година и радосни Божиќни празници!

Со почит,
Игор Трајковски Фоја
Главен и одговорен уредник
Претседател на ЛАТЕРАЛ Битола

———

Проектот „Шарен свет за најмладите од Битола – Креативен подарок за децата“ претставува еден поинаков и креативен придонес во програмата „Зимска приказна 2024/25“ на Општина Битола