Одредени индивидуи од бурното минато на Битола, имаат оставено длабоки траги во секојдневниот живот на градот. На некои, нивното име го памтиме во позитивна, а на други пак по негативна смисла на зборот. Имено, пред повеќе од 60 години во „Гени Маале“ (маалото во кое сум роден) имаше многу деца. Поточно, имаше повеќе деца отколку надалеку познатата „ГЕНИМААЛСКА КАЛДРАМА“. Во жешките Битолски лета од + 30 и повеќе степени, често под некоја сенка се играше карти.
Во тој временски период популарна беше играта „БЕЉОТ“. Постарите играа, а ние помалите гледавме. Кога ќе завршеше „РАКАТА“ некој од играчите немаше да види дека има за отварање 20, 50, 100-ка или не ќе речеше „БЕЉОТ РОМБЕЉОТ“ и поради тоа ќе ја „ПРОДАДЕШЕ ИГРАТА“ ќе му укажевме дека невиде. Тогаш постариот на помалите деца ќе ни речеше: „БЕГАЈ бе оттука ШАНКУРЕ НИ ЕДНО, ТИ ЌЕ МИ КАЖУВАШ МЕНЕ“.
Кој бил ШАНКУРЕ ?
На фотографијата е легендарениот битолчанец познат по прекарот – ШАНКУРЕ. Вистинското име на овој стар битолчанец е ТАШКУ. Тој е легендарна личност од бурното миното на Битола помеѓу двете светски војни. Бил бездомник и лице со посебни потреби, но премногу раздразлив тип на провокации. Поради неговиот начин на облекување и однесување некои наши предци неговото име го користеле за омаловажување на некој друг.
Во мојата меморија ми остана во сеќавање некои ИЗРЕКИ поврзана со лицето од фотографијата. Нив често ги користеа некои ПОСТАРИ БИТОЛЧАНИ. Имено, еве ја СУШТИНАТА на истите: Кога бев дете, ако некој од нас се „правевме“ ПО ПАМЕТНИ од ПОСТАРИТЕ тогаш постариот ќе ни речеше: „БЕГАЈ БЕ ОТУКА ШАНКУРЕ НИЕДНО, ТИ ЌЕ МИ КАЖУВАШ МЕНЕ“ или уште една по понижувачка изрека од првата „ШАНКУРЕ без К..Е“.
Во тој временски период бев дете и навистина не ми беше јасно зошто повозрасните ни возвраќале со погоре цитираните зборови. Денес, гледајќи ги овие фотографии, се ми е јасно. А, ВАС ?
На сите Добри луѓе, Битолчани, Пријатели и Пријателки, Ви посакувам убав ден односно ноќ било каде да се наоѓате.
Стефан Чекутков