Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер со денешниот работен состанок и прв тренинг означи почеток на сезоната 2023/24. Тренерот Александар Јовиќ, стручниот тим менаџер Звонко Шундовски и стручниот штаб ја одработија првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“.

На прозивката беа присутни новајлиите: Борзаш, Нилсен, Петровиќ, Ѓорѓовски и Цехте. Утре во 8:30 часот изутрина експедицијата на Еурофарм Пелистер заминува на базични подготовки во Маврово, каде ќе работи на дваесет тренинг сесии до први август, кога е предвидено враќање во Битола.

Повикани ракометари за подготовките во Маврово:
Урбан Лесјак
Марко Кизиќ
Петар Атанасијевиќ
Цветан Кузманоски
Руди Сери
Урош Борзаш
Дарко Стевановиќ
Емилијан Ѓорговски
Марио Танкоски
Каспер Кисум
Вилсон Дејвис
Павле Атанасијевиќ
Најц Цехте
Павле Петровиќ
Ненад Костески
Жарко Пешевски
Андреас Јохан Нилсен
Денис Васиљев

Стручен штаб:
Тренер: Александар Јовиќ
Тим-менаџер: Звонко Шундовски
Тренер на голмани: Ице Соколески
Кондиционен тренер: Александар Марковски
Физиотерапевти: Филип Милевски и Христијан Стојановски

Дојдоа:
Урош Борзаш (Елверум), Нејц Цехте (ГОГ Гудме), Андреас Јохан Нилсен (Морс), Павле Петровиќ, Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2)

Заминаа:
Себастијан Хенеберг (Фредериција), Мохамед Суси (Ал Салмија), Усама Хосни (Ал Араби), Гоце Ојлески, Милорад Кукоски (Охрид), Мартин Велковски (Алкалоид), Мирко Радовиќ (Ловќен)