ЧКЕМБАРИ СО ПОЧИТ КОН ПРЕРАНО ПОЧИНАТИОТ ТОНЧИ ВО ОХРИД

од • September 6, 2026 • 0 коментари

На натпреварот меѓу РК Охрид и РК Пелистер, кој заврши нерешено 28:28, битолските „Чкембари“ уште еднаш беа поддршка за зелено-белите од трибините.

Но, овојпат покрај навивањето, од битолскиот сектор беше испратена и порака која го надмина спортското ривалство.

Чкембари истакнаа парола во спомен на прерано починатиот охридски навивач Антонио Савевски – Тончи, оддавајќи му последна почит и изразувајќи сочувство до неговото семејство и најблиските.

Ривалството трае 60 минути, почитта останува засекогаш.

Вечен помен, Тончи.

Babam Bitola

Comments are closed.