Во рамки на „Чкембари креатива 2026“, навивачката група Чкембари БГО го претстави својот 13-ти графит, овојпат посветен на Кире Костадиновски, еден од македонските бранители кои ги загубија животите во трагичниот настан кај Вејце во 2001 година.

Со графитот Чкембари уште еднаш испраќаат порака дека споменот и почитта кон Костадиновски и останатите загинати македонски бранители ќе продолжат да се негуваат.
„Хероите живеат вечно!“, порачуваат Чкембари.
