Чкембарската трибина: 40 години страст и другарство
Чкембарската трибина го слави својот долгогодишен пат – 40 години посветеност, незаборавни натпревари и другарства создадени низ генерации. Оваа песна е посветена на сите кои некогаш биле и на оние кои сеуште се дел од трибината, како и на браќата кои веќе не се меѓу нас.
Сите Чкембари можат да очекуваат повик и датум кога групата ќе ги повика сите кои носат Пелистерска душа и имаат Чкембарско срце. Се гледаат наскоро СИТЕ на трибина!
Изразуваат голема благодарност до Горан Мицевски – Кус, кој повеќепати безусловно се ангажирал околу изработката на чкембарските песни.





