Денес Чкембари одбележуваат голем јубилеј – 40 години од своето основање. Но, како што велат тие, не се слави само почетокот, туку и 40 години континуитет, посветеност и стандарди кои ги поставиле во поддршката на својот клуб.
Од сите маала, од најстарите до најмладите, сите кои во себе ја носат зеленo-белата крвна група се повикани денес во 17 часот на плоштад „Магнолија“, каде ќе се одржи музички хепенинг посветен на Чкембари.
По настанот, групата ќе организира кортео низ Широк Сокак, а прославата ќе продолжи со поддршка на натпреварот меѓу Пелистер и Гог Гудме.





