Навивачката група Чкембари најави целосна мобилизација пред вечното дерби, испраќајќи силна порака на единство и поддршка за својот клуб.
„Времето за одбројување започна. Среда – сите генерации како еден!“, порачуваат Чкембарите, најавувајќи дека собирот ќе започне во 15:30 часот пред стадионот „Петар Милошевски“.
Од групата истакнуваат дека ова е момент кога сите екипи и подгрупи треба да застанат рамо до рамо и да ја покажат својата верност кон Битола и зелено-белите бои.
Објавата завршува со препознатливиот слоган:
„Да живее независна Битола!“





