Навивачката група Чкембари оваа година одбележува импресивни четири децении постоење, а поводот ќе биде прославен со низа настани и специјални реквизити. Дел од тие реквизити веќе се подготвени и наскоро ќе бидат достапни за сите верни поддржувачи.
Продажбата ќе се одвива на чкембарскиот штанд пред „Епинал“, кој ќе биде поставен од 19 часот. Во понудата ќе се најдат:
Белиот шал – инспириран од еден од најубавите Чкембарски транспаренти.
Шал „Птицо моја“ – создаден по мотиви на истоимената чкембарска химна.
Шал „Ко вчера да беше“ – посветен на престојниот јубилеј со истоимениот слоган.
Бар шал – изработен со македонски вез и пелистерски бои, со редизајнираниот амблем по повод 40 години Чкембари.
Чкембарски Фанзин бр.9.
Фрешери за во кола, привезоци, маски за телефон и шолји со јубилејниот амблем.
Чкембарски налепници.
Со овие уникатни артикли, навивачите ќе имаат можност да понесат дел од историјата на групата и да ја пренесат својата љубов кон Пелистер и Чкембари на секој чекор.





