Навивачката група Чкембари упати повик до сите навивачи и љубители на ракометот во Битола за масовна поддршка на утрешниот натпревар, кој го нарекоа „ден Д“ за битолскиот ракомет.
Според нивната објава, токму навивачите се клучниот фактор што може да биде силен ветар во грб за екипата во остварувањето на целта.
Собирот на навивачите е закажан за 16:30 часот на плоштадот Магнолија, од каде заеднички ќе се упатат кон натпреварот. За сите кои сè уште немаат обезбедено билет, од Чкембари информираат дека ќе има можност истиот да се набави и на самиот собир.
Од навивачката група порачаа дека очекуваат силна поддршка и единство меѓу навивачите, нагласувајќи дека Битола секогаш знае да создаде атмосфера кога е најпотребно. 💚🤍
