ФК Пелистер запиша нова значајна победа во Првата македонска фудбалска лига, откако на гостувањето во Струмица ја совлада екипата на Брера со резултат 0:1. Натпреварот одигран на 26 април донесе борбена игра, дисциплина и три бода со големо значење за битолчани.

Пелистерци одиграа цврсто и трпеливо, со јасна поставеност и контрола на играта, а тоа резултираше со погодок кој беше доволен за целосен плен. Тимот продолжува со сигурен чекор во клучниот дел од сезоната.

Сепак, најсилниот момент дојде од трибините. Навивачката група ,,Чкембари ” истакнаа транспарент со порака што одекна силно:
„8 домови загубија син,
вечна ви слава,
за херојскиот чин.“
Со оваа порака беше оддадена почит кон загинатите бранители, потсетувајќи дека Пелистер е повеќе од клуб, симбол на градот, спомените и достоинството.

Победа на теренот и порака што се памети, Пелистер продолжува без запирање.

