ЧКЕМБАРИ НА КАРПАЛАК: ВЕЧЕН СПОМЕН ЗА ДЕСЕТТЕ ЗАГИНАТИ МАКЕДОНСКИ БРАНИТЕЛИ

од August 8, 2026 0 коментари

Членови на навивачката група Чкембари од Битола положија цвеќе на Карпалак, оддавајќи почит и чувајќи го споменот за десетте македонски бранители кои ги загубија своите животи во 2001 година.

По посетата на Вејце, каде што претходно им оддадоа почит на загинатите припадници на македонските безбедносни сили, Чкембари оваа година беа присутни и на Карпалак.

Со положувањето цвеќе и поклонувањето пред споменот на загинатите, од Битола беше испратена јасна порака – жртвата на македонските бранители не се заборава, а споменот за нив се пренесува на идните генерации.

Вечна им слава и благодарност на сите кои ги положија своите животи за Македонија.

Babam Bitola

Comments are closed.