Денес членовите на Чкембари ја завршија последната активност по повод 40-годишнината од постоењето на групата.

На симболичен начин, во градскиот парк беа засадени 40 садници дрвја – по 10 јавори, 10 питом костени, 10 каталпи и 10 дабови, како траен спомен на нивната љубов кон Битола, изразена преку дела што ќе живеат со години.

Со овој гест, Чкембари се надеваат дека ќе поттикнат и други здруженија, организации и поединци да придонесат со слични акции за убавината и иднината на градот.

Посебна благодарност упатија до „Галетекни – Прецизна лимарија“ за изработката на постаментот и до „Преспа Дрво Ресен“ за донираните садници.

ЧКЕМБАРИ ЗА БИТОЛА





