„Чкембари“ го најавуваат новиот број на „Чкембари Фанзин“

од • August 5, 2025 • 0 коментари

Традиционално, пред почетокот на новата сезона, навивачката група „Чкембари“ го претставува новиот број на списанието „Чкембари Фанзин“. Во печатената верзија се сумирани сите значајни настани од минатата сезона, а изданието, како и во претходните броеви, е збогатено со бројни ретро теми поврзани со „Чкембари“ и други навивачки содржини.

Списанието ќе биде достапно за купување во четврток на „Чкембарскиот штанд“, каде ќе бидат изложени голем број автентични навивачки материјали. Таму, битолчани и сите љубители на зелената боја ќе имаат можност да набават оригинален „чкембарски“ производ.

Од групата најавуваат дека утре ќе бидат објавени повеќе детали за навивачкиот штанд.

Babam Bitola

Comments are closed.