Вчерашното дерби го одбележаја низа инциденти, повторно истата приказнa неколку “храбри” комити криејќи се низ обичната публика со фрлање столчиња и други предмети испровоцираја реакција и од наша страна, буквално на неколку пати до сега ја користат најподлата техника за одбрана позната како ЖИВ ШТИТ.
И сето тоа досега никој ни да го спомни ни да го осуди, напротив во медиумите ние сме оцрнети.
Не се коментира ни за повторно намерниот “пропуст” по кој знае кој пат, слободно влегување в терен, но никако и со таква поддршка да се стигни до нас, зошто за тоа не е потреба страшна облека, фантомки и слично, то не се купва во продавница!
Стигнавме до полицијата…
Како да чекаја момент да се испразни салата па јуришно тргнаја еден вод специјалци кон нас и буквално не нападнаја без никаква причина, сите се чудевме од каде таква реакција па дури и специјалците кои до тогаш беа околу нас, настана голем хаос во кој 100тина навивачи паднаја еден врз друг и можеше да заврши трагично таквата неиспровоцирана реакција на полицијата.
После долго време во салата полицијата повторно БЕЗ НИКАКВА СЕЛЕКЦИЈА почна да апси наши членови, само колку визуелно да изгледа дека тие ја сработиле својата работа.
Сакаме да му се заблагодариме и на нашите браќа од Кавадарци кои секогаш се со нас, во добро и во зло, па така и денес.
За крај благодарни сме и на тие што излегоја во пресрет на уапсените Чкембари.ЧКЕМБАРИ СЕ НЕУНИШТЛИВИ
Дома бабам Битола ЧКЕМБАРИ возвратија: Бевме испровоцирани од „храбри” комити кои се криеја низ обичната...