Во среда (24 септември), Чкембарите ги повикуваат сите генерации навивачи да застанат на својата трибина и да ја поддржат екипата на Пелистер во дуелот од Лигата на шампиони против Гог Гудме. Настанот започнува во 17:00 часот на плоштад „Магнолија“ со музички хепенинг и штандови со реквизити, по што ќе следи досега најголемото кортео низ Широк Сокак кон салата „Младост“ („Боро Чурлевски“).

Ова е дел од одбележувањето на 40 години Чкембари, кое ќе продолжи со големата прослава „Под Туме Кафе“ на почетокот на октомври, на натпреварот против Шкендија.





