Четврто издание на детскиот фолклорен фестивал „Весел Петок“ во Битола

од April 9, 2026 0 коментари

Битола повторно ќе биде домаќин на детскиот фолклорен фестивал „Весел Петок“, кој оваа година се одржува по четврти пат, во чест на празникот Источен Петок – Балаклија, познат како Градски Селски Велигден или празникот на Гинимале.

Фестивалот, посветен на негувањето на традицијата, ќе обедини деца од земјата и од странство, кои преку игра, песна и народни носии ќе го оживеат богатото културно наследство. Во текот на неколкудневната програма, ќе се реализираат повеќе активности на различни локации низ градот, со настапи и дефилеа кои ќе ја разубават велигденската атмосфера во Битола.

Настаните започнуваат на 16 април со настапи на ученици од ОУ „Даме Груев“, продолжуваат на 17 април со дефиле низ битолските улици и програма во Долно Средсело, додека завршницата е закажана за 18 април во Офицерскиот дом.

На фестивалот ќе настапат бројни културно-уметнички друштва од Македонија и странство, меѓу кои КУД „Топлица“ од Прокупље, КУД „Далмација“ од Дуги Рат, како и ансамбли од повеќе македонски градови.

Организаторите упатуваат покана до сите граѓани да бидат дел од „Весел Петок“ – првиот весел петок по Христовото Воскресение, и заедно да ја прослават традицијата, детската радост и културното наследство.

Babam Bitola

Comments are closed.