Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје веќе четири години по ред ги организира семинарите „Математика и примени“. Првиот семинар се одржа во 2016 година во чест на јубилејот „70 години од постоењето на Институтот за математика и Природно-математичкиот факултет“.
Четвртиот семинар „Математика и примени“, кој се одржа на 13 и 14 декември 2019 година, се изведува во рамки на стручно-апликативниот проект на Природно-математичкиот факултет „Популаризација на математиката“. Неговата главна цел е промовирање на математичките науки меѓу младите и пошироката јавност преку збир од научно-популарни предавања и предавања за наставата по математика. Семинарот е наменет за наставниот кадар од унивезитетите и училиштата, студентите, средношколците, припадниците на општествениот сектор и пошироката јавност, затоа што математиката е наука којаштосекаде е присутна и потребна. За студентите и средношколците е обезбеден слободен влез на предавањата на семинарот по претходна извршена навремена регистрација.
Од работата на досегашните семинари „Математика и примени“ произлегоа шест книги со научно-популарни трудови и трудови за наставата по математика, во рамки на научно-популарната едиција „Математички омнибус“ во издание на Институтот за математика (електронско и печатено издание). Електронските верзии на овие книги се со слободен пристап од интернет страницата на Институтот за математика.
Повеќе информации за семинарите „Математика и примени“ може на најдете на следната интернет страницата http://im-pmf.weebly.com/seminar-matematika-i-primeni.html.
Генерален поддржувач на овогодинешниот Семинар е издавачката куќа Просветно дело од Скопје, која за време на настанот учествуваше со свој продажен штанд на математичка литература. Во насока на развој и поддршка на наставниот процес во образовниот систем, издавачката куќа Просветно дело има издадено и едиција збирки по математика за основно образование од прво до деветто одделение.