​Основното училиште „Св. Климент Охридски“ се наоѓа во населбата Нова Битола, во Битола. Изградено е врз некогашен рибник или бара, која беше пресушена и израмнета со механизација. После неговата изградба големи беа муабетите дека тоа тоне.Но ете до ден денес, после 25 години тоа не се случи и се си е како што треба.

ОУ Св.Климент Охридски Битола

Започна со работа далечната 89/90 година. 

Училиштето располага со две специјализирани училници за подготвителна настава, 10 универзални училници за одделенска настава, 11 универзални училници за предметна настава, специјализирани кабинети за информатика и ТО, библиотека со значителен книжевен фонд поврзана со читална, модерна фискултурна сала според високи стандарди со трибини, семафор, туш-кабини и други спортски терени. Во склоп на училиштето има исто така и амбуланта, високо стандардизирана трпезарија со кујна и посебен административен дел.

Фискултурната сала со гумен под и семафор

Пространите училници од ОУ Климент Охридски во кои на почетокот одделенијата броеја до 6 класа по 30-32 ученика, салата каде освен со бела шангајка не смееше со друго да се влезе и игра, како и големото виножито кое е на самиот влез исцртано на ѕидот, секогаш ќе останат во нашите сеќавања и ќе ни будат спомени од едни убави и безгрижни времиња.

Големиот цртеж на самиот влез

Сите ние некогашни ученици сеуште сме горди на “новото” училиште, како што тогаш си го викавме. 

Нека Ви е честит патронатот св.Климент Охридски !

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here