Червар: „Ако не можев да работам дома – ќе работам во Битола“: Пелистер добива тренер со мисија

од May 13, 2026 0 коментари

Легендарниот хрватски стратег Лино Червар и официјално ја започнува својата нова приказна со РК Еурофарм Пелистер, а неговите први зборови за хрватскиот медиум 24sata.hr веќе одекнуваат низ ракометна Битола. Червар отворено призна дека поради околностите во својата земја не можел да работи дома, па одлучил своето огромно знаење и искуство повторно да го вложи надвор од границите – овојпат токму во најракометниот град.

За Битола, ова не е само ангажман на големо тренерско име, туку порака дека клубот повторно оди на највисоки цели. По сезона полна со турбуленции и промени на тренери, Еурофарм Пелистер реши проектот да му го довери на човек кој е олимписки и светски шампион, тренер што остави длабока трага и во македонскиот ракомет. Клубот веќе потврди дека Червар потпишал двегодишен договор и ќе го предводи тимот во новата ера од сезоната 2026/27.

Во град каде ракометот не е само спорт, туку емоција и идентитет, доаѓањето на „Маго ди Умаго“ носи нова надеж дека салата „Боро Чурлевски“ повторно ќе живее шампионски вечери. А ако не можел да работи дома, изгледа дека Червар избра место каде ракометот се чувствува како дома: Битола.

Извор

Babam Bitola

Comments are closed.