,,ЧАКИ ПАНКЕРО“ – БИТОЛА ИМАШЕ СВОЈА РОКЕНРОЛ МАСКОТА: СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА НЕА?

од May 19, 2026 0 коментари

За многу битолчани од 90-тите, детскиот фестивал СИ ДО не беше само фестивал, беше настан што се чекаше со нетрпение. А едно весело, рокерско птиче со капче, очила, микрофон и гитара стана негов препознатлив симбол – „Чаки Панкеро“.

Малкумина знаат дека оваа легендарна маскота ја создал познатиот графички дизајнер и илустратор Ласко Џуровски уште во 1993 година, рачно изработена со air brush техника и акрилни бои на хамер хартија, во време кога немаше Photoshop, AI и дигитални чуда, туку само талент, рака и многу љубов.

Според самиот Џуровски, „Чаки Панкеро“ била официјална маскота на детскиот фестивал СИ ДО во Битола, а многумина и денес со носталгија ја паметат маскотата заедно со песничките, настапите и атмосферата што ја носеше фестивалот.

Babam Bitola

Comments are closed.