Се наоѓа на левата страна од северниот влез на Битола од страната на Прилеп.

image

Изградена е во 1863 год. Претставува три бродна базилика. Има иконостас којшто е изработен од дрво. Иконите се од поново време, од XX век.Како и кај другите цркви битолските еснафи најмногу помагале и за нивното внатрешно уредување.

image

Куполата на црквата е насликана во 1864 год. по порачка на еснафот на битолските ќурчии.
Овој свет храм на пресветата и славна великомаченица Недела се издигна за време на владикувањето на високо преосвештениот г-н г-н Бенедикт Византиски кој ја освети.

image

Во дворот на црквата Св. Недела се наоѓаат илинденските гробишта, каде се погребани и војводите Доне Крчаров (од с.Зовиќ) Димко Николов и Александар Турунџев. На гробиштата се погребани и многу други значајни личности како Павел Шатев (револуционер),Димко Сарванов- Могилче (револуционер) ,Кирил Лозанчев-револуционер Михаил Димев.

image

Црквата св.Недела во Битола покрај основната намена за верски потреби, со своите градителски решенија, фреско-живописот, иконописот и копаничарската уметност,го збогатува и културното наследство на градот.