​Црквата Св. Димитриј е подигната 1830 година, на местото на некогашниот стар параклис од 1726 кој изгорел во пожар.

Изградена со посебно одобрение на турските власти, црквата требало да биде скромна и неугледна градба, пониска од околните џамии. Поради тоа, истата е вкопана во земја и е израдена е за само четири месеци со доброволни прилози од битолските христијани.

Внатрешноста на оваа црква е богато разиграна со импозантни галерии на катот, резбан владичин трон, двокатен иконостас во плитка резба и амвон. Иконостасот потекнува од средината на XIX век и е изработен во плитка резба, а подоцна е гипсиран и позлатен. Камбанаријата е од 1936 година и е дело на Александар Дероко.
Денес црквата Св. Димитриј е централна црква во Битола, и во неа се одржуваат најголем број на венчавки, крштевки а воедно е и централно место за сите поважни христијански празници.

Текст и фото Bitola.info