Фудбалскиот клуб Пелистер соопшти дека целиот приход од продажбата на билетите за вечното дерби против Вардар ќе биде дониран на семејството на Зоран Петковски – Петкото, човек кој зад себе остави голема спортска и човечка приказна.
Петкото, кој беше вистинска кошаркарска легенда и голем љубител на сите спортови, беше и верен поддржувач на зелено-белата фамилија.
Билетите, по цена од 200 денари, се пуштени во продажба на следните локации:
- Онлајн преку системот на ФК Пелистер
- ДИМПО Тобако
- Билетарата на стадионот „Петар Милошевски“ (на денот на натпреварот)
Со купување билет, секој навивач придонесува за хумана цел и истовремено го поддржува духот на битолскиот спорт кој Петкото толку многу го сакаше.





