Љубителите на книгата, пишаниот збор и хуманоста ќе имаат можност да бидат дел од посебна вечер исполнета со литература, музика и благородна мисија.
На 18 јули (сабота), со почеток во 19:00 часот, во Book’s House и Бар Општина ќе се одржи Хуманитарна вечер со македонски автори, настан посветен на книгата, творештвото и солидарноста.

Вечерта ќе биде збогатена со музички настапи на The Boyz, Сара Петровска, Сергеј Попоски и бендот, Тамара Стојковска, како и пијано изведби на Димитри Стојчевски.
Организаторите упатуваат покана до сите граѓани да бидат дел од оваа хуманитарна приказна, бидејќи книгите ги поврзуваат луѓето, а добрината ги менува животите.
📅 18 јули 2026 (сабота)
🕖 19:00 часот
📍 Book’s House и Бар Општина – Битола
Да бидеме заедно, да помогнеме и да покажеме дека хуманоста секогаш има место меѓу нас. ❤️📖
