Денес во Битола се одржа хуманитарен базар во организација на Book’s House и Општина Битола, како дел од програмата „Зимска приказна“, настан кој уште еднаш ја потврди солидарноста и човечноста на битолчани.

На базарот учествуваа бројни спонзори, лебличиите од пазарот, Adam’s Art School, како и Нена Наумовски, која ја промовираше сликовницата – втор дел од приказната за битолскиот клавир Петко, проект кој добива и своја серија.

Музичкиот дел од програмата беше исполнет со позитивна енергија благодарение на настапот на Нала бенд, а вистинско изненадување и посебен момент за присутните беше појавувањето на нашата Каролина Гочева, која со своето присуство му даде дополнителна тежина и емоција на настанот.

Хуманитарниот базар покажа дека празничната атмосфера во Битола не е само забава, туку и можност да се помогне, да се сподели и да се биде човек, токму во духот на „Зимска приказна“.















