Утре на 19.10.2023год, на Плоштад Магнолија, од 10 до 14 часот, ЗУР Македонски ракотворби – Битола, како дел од кампањата „Денови за донирање“ во организација на КОНЕКТ во рамки на проектот „Партнерства за донирање“ , организира хуманитарен базар „Заедно да ја развиеме моториката кај децата со оштетен говор, слух и глас од ОУРЦ’ „Кочо Рацин Битола’“.

20% од приходот од купените производи (ракотворби, украси, накит, плетенини, играчки, млечни производи, козметика, книги,пецива, и друго) ќе бидат донирани за работилници во најразлични техники (плетење, везење, сликање, сечење…) за децата со оштетен говор, слух и глас од ОУРЦ ”Кочо Рацин” Битола. Со работилниците ќе им помогниме на децата да им се развие подобро нивната моторика. Посетителите ќе можат и дополнително да донираат во донаторска касичка.