Во Битола на 18 април 2026 година ќе се одржи хуманитарен базар во организација на здружението „Невроразлични“. Настанот ќе се реализира во просториите на Горно Веро, во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Целта на базарот е да се поттикне инклузијата и да се подигне свеста за поддршка на децата и младите, преку креативност и заедничко учество на заедницата. Посетителите ќе имаат можност да разгледаат и набават различни производи и рачни изработки од учесниците softskin.mk, BioGo, „Во светот на Гоц“ и The Art World of Veljo – „Шарена приказна“.
Во рамките на настанот ќе биде поставена и изложба на цртежи и слики изработени од најмладите учесници, кои ќе бидат понудени за откуп по симболична цена, согласно желбата на купувачите.
Организаторите упатуваат покана до сите граѓани да го посетат настанот и да дадат придонес во создавање поинклузивна и солидарна заедница. 💛
