По повод 70-годишниот јубилеј од своето постоење, Културно-уметничкото друштво „Илинден“ – Битола ќе одржи велигденски концерт под наслов:
„Христос Воскресе – Навистина Воскресе“
Настанот ќе се одржи на 26 април 2025 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, во просториите на НУ Народен театар – Битола.
Концертот е посветен на одбележувањето на големиот христијански празник Велигден и на богатото културно наследство што го негува КУД „Илинден“ седум децении наназад. Преку изведби на традиционални песни, ора и обичаи, публиката ќе има можност да го доживее духот на македонската традиција и празничноста на овој голем ден.
Настанот се реализира со поддршка од Министерство за култура и Општина Битола.