Битолчанецот Христијан Илиоски викендов ќе биде дел од MX Open во Севлиево, Бугарија, каде ќе настапи на светските квалификации за Ломел, Белгија.

Како претставник на Македонија, Илиоски ќе се соочи со голем број врвни натпреварувачи од повеќе земји, во обид да обезбеди што подобар резултат и достојно да ги брани боите на македонскиот мотокрос.
„Пред мене е викенд исполнет со желба, верба и голем предизвик. Благодарен сум за дадената можност и шанса да настапам на едно вакво натпреварување. На сите учесници им посакувам успешен и безбеден викенд“, порача Илиоски.

Христијан Илиоски веќе неколку сезони е еден од најуспешните македонски мотокрос возачи, редовно освојувајќи високи пласмани на домашната и меѓународната сцена.
