Христијан Илиоски со победа на Државниот шампионат на Србија – силна најава пред трката Скопје Орман

од April 22, 2026 0 коментари

Минатиот викенд се одржа Државниот шампионат на Србија, на кој битолчанецот Христијан Илиоски оствари одличен резултат, освојувајќи го првото место и запишувајќи ја својата прва победа оваа сезона.

Настапот на Илиоски беше дел од подготовките за претстојната трка Скопје Орман, а формата што ја покажа е јасен сигнал дека тој ќе биде сериозен кандидат за највисок пласман и во наредниот период. Со својот Триумф мотоцикл, Илиоски демонстрираше сигурност, брзина и контрола, доминирајќи на патеката од почеток до крај.

По трката, Илиоски изрази благодарност до својот тим, спонзорите и семејството, нагласувајќи дека нивната поддршка има огромно значење за секој успех.

Поддршка за овој значаен резултат дадоа Триумф Мотоцикли Скопје, Конти Хидропласт, Вулко Прилеп, Силколене, Иги 2000, Еам, Шкода Јосифов, ФОД дооел Новаци, Министерство за спорт, Општина Битола и Мото клуб Пелистер.

Со ваков почеток на сезоната, Христијан Илиоски најавува уште поголеми успеси и борба за шампионската титула.

Babam Bitola

Comments are closed.