Христијан Илиоски со одличен настап на MX Open во Севлиево – обезбеди шанса за Ломел, Белгија

од June 23, 2026 0 коментари

Битолскиот мотокрос возач Христијан Илиоски имаше успешен настап на престижната трка MX Open во Севлиево, Бугарија, каде што го освои петтото место во двете трки и уште еднаш ја потврди својата константна форма на меѓународната сцена.

Со прикажаните возења и остварениот резултат, Илиоски доби можност за настап во Ломел, Белгија, една од најпознатите и најпредизвикувачки мотокрос патеки во Европа, каде ќе ја претставува Македонија меѓу најдобрите возачи.

По настапот, Илиоски упати благодарност до својот клуб, спонзорите, семејството и сите поддржувачи кои стојат зад неговите успеси.

„P5 во двете трки, одличен настап и добиена шанса за патување во Ломел – Белгија. Благодарност до мојот клуб, моите спонзори, сите фанови и моето семејство за поддршката“, порача Илиоски.

Нов предизвик за македонскиот претставник следува токму во Белгија, каде ќе се обиде да оствари уште еден значаен резултат во својата кариера.

Фото: приватна архива / Христијан Илиоски

Babam Bitola

Comments are closed.