Христијан Илиоски со нов настап на БМУ Европскиот шампионат во Романија

од June 10, 2026 0 коментари

Битолскиот мотокрос возач Христијан Илиоски успешно го заврши својот настап на четвртата трка од БМУ Европскиот шампионат, која се одржа во Чиолпани, Романија.

Илиоски забележа одличен резултат освојувајќи го четвртото место во двете трки (P4), продолжувајќи ја успешната сезона и борбата за висок пласман во генералниот пласман на шампионатот.

По завршувањето на натпреварите, тој упати благодарност до својот матичен клуб, спонзорите, навивачите и семејството за континуираната поддршка што ја добива на секој чекор од својата спортска кариера.

„Благодарност до мојот клуб, моите спонзори, до сите мои фанови и моето семејство“, порача Илиоски по настапот во Романија.

Со уште еден стабилен настап меѓу најдобрите европски мотокрос возачи, Христијан Илиоски продолжува достојно да ги претставува Битола и Македонија на меѓународната сцена, потврдувајќи дека македонскиот мотокрос има свои вистински амбасадори.

Babam Bitola

Comments are closed.